Челси и Реал, вечерва, ќе го одиграат полу-финалниот реванш во Лигата на шампионите. Менаџерот на Челси, Томас Тухел, и во реваншот ќе го составува тимот без Матео Ковачиќ, а неизвесен е и настапот на Мејсон Маунт.
Маунт, го повредил грбот, на натпреварот со Фулам (2:0), одигран во саботата. Од претпазливост, Маунт, предвреме го заврши овој натпревар.
„Кога видов дека падот е непријатен, решив да го заменам. Не сакав да ризикувам со него. Тоа беше моја одлука, тоа не ми го препорачаа од лекарскиот тим“, рекол Тухел.
Натпреварот, Челси-Реал, на „Стенфорд Бриџ“ ќе започне во 21 часот.
> Неизвесен настапот на Маунт против Реал <