Утрински Весник
Спорт

Незадоволен од трансфер политиката на клубот Вилас-Боаш поднесе оставка

Незадоволен од трансфер политиката на клубот Вилас-Боаш поднесе оставка

Олимпик Марсеј повторно се во центарот на вниманието на француската јавност. Отако тренерот Андре Вилас-Боаш минаат недела кажа дека нема да остане во клубот по завршувањето на сезоната, а потоа во саботата хулигани со факели го нападнаа тренинг-центарот на клубот и повредија еден фудбалер, повторно се огласи португалскиот тренер.

Вилас-Боаш на клупските челници им ја понудил својата оставка незадоволен начинот на кој што го одработиле преодниот рок.

Португалецот се налутил, бидејќи во последните часови од преодниот рок реализирале трансфер на фудбалер за кој тој кажал дека не му е потребен.

Во Марсеј, од Селтик, пристигна Оливие Нтчам.

„Не се согласувам со клупската оставка, понудив оставка. Не сакам пари, само сакам да ме пуштата да си одам. Го завршивме преодниот рок со фудбалер кого не го сакав во тимот. Им го кажав тоа“, рекол Вилас-Боаш.

> Незадоволен од трансфер политиката на клубот Вилас-Боаш поднесе оставка <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ до Синер: Добредојде во клубот

Убедлива победа и нов мундијалски сон: Македонија обезбеди место на СП 2027

ФФМ отвори дисциплинска постапка против ФК Вардар за навредливо и недолично однесување