Утрински Весник
Економија

Независниот академски синдикат со безрезервна поддршка на синдикатите кои ќе излезат на предупредувачки протест

Независниот академски синдикат со безрезервна поддршка на синдикатите кои ќе излезат на предупредувачки протест

Независниот академски синдикат НАкС се приклучува како кон барањата на синдикатите од Конфедерацијата на слободни синдикати и на СОНК за усогласување на платите врз основа на зголемувањето на минималната плата, така и кон повикот за доследно почитување на Законот за минимална плата и соодветно анексирање на колективните договори.

„Загрижувачки е тоа што заради немање слух на надлежните министерства, коишто треба да бидат социјални партнери на сите нивоа и да делуваат во согласност со законите и колективните договори, синдикатите мора да бараат заштита на правата и интересите на вработените преку јавно искажување на незадоволство, односно преку предупредувачки протест. Ние од НАкС сметаме дека покачувањето на минималната плата е добредојдена социјална мерка за подобрување на незавидната материјална положба на вработените со најниски примања, но сепак примената на оваа мерка треба да биде неминовно проследена со усогласување на постојните колективните договори. Неусогласувањето на колективните договори или неговото одложување недвојбено ќе доведе до сериозни недоследности и дисонанции во наградувањето на вработените во високото образование. Имено, трудот на вработените што имаат различно ниво на образование и извршуваат работа со различна сложеност не може и не смее да се воедначува или девалвира“, посочуваат од Независниот академски синдикат.

Затоа, како што велат, го повикуваат Министерството за образование и наука да не ги игнорира нивните барањата за дијалог со вработените во високото образование, туку веднаш да ги повика на преговори за усогласување на Колективниот договор за високо образование и наука со усвоените измени и дополнувањата на Законот за минимална плата од февруари 2022.

„Со ова наше обраќање НАкС сака да им им искаже јасна и безрезервна поддршка на синдикатите од Конфедерацијата на слободни синдикати кои ќе излезат на предупредувачки протест на 30 март 2022 година и да им посакаме успех“, е истакнато во писмениот допис од овој синдикат.

Можете да прочитате

Николоски очекува раст на БДП од 3,7 проценти

Мицкоски: Најавувам 8 нови инвестиции за нови вработувања и посилен стандард

Советот на Народната банка го усвои најновиот Квартален извештај − најважните сегменти од економијата се во согласност со очекувањата