Утрински Весник
Култура

Недела на српски филм во Кинотека

Недела на српски филм во Кинотека

Од 9 до 16 септември во Кинотеката, во рамки на „Скопје филм фестивал класик“, ќе се одржи Недела на српски филм, со десет дигитално реставрирани класични наслови на српската кинематографија од периодот од почетокот на шеесеттите до средината на осумдесеттите години на минатиот век.

Неделата на српски филм е организирана во соработка помеѓу нашата Кинотеката и Скопје филм фестивал и Југословенската Кинотека, а со поддршка на Амбасадата на Република Србија и Српскиот културен центар „Спона“ во Македонија.

Гости ќе бидат Југослав Пантелиќ, директор на Југословенската кинотека од Белград и уметнички директор на ФЕСТ, Маријан Вујовиќ, управник на Музејот на Југословенската кинотека и Александар Ердељановиќ, управник на Архивот на Југословенската кинотека и селектор Фестивалот на нитратен филм, кој ќе ја отвори манифестацијата на 9 септември (четврток) во 20 часот.

Антологиските филмови се дел од едицијата „VIP Кинотека“ на Југословенска кинотека од Белград, во соработка со бренд на мобилен оператор.

Текстот Недела на српски филм во Кинотека е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“