Утрински Весник
Македонија

Неделава отстранети 10 непрописно паркирани возила од јавните површини во Град Скопје

Минатата недела санкционирани 182 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Скопје, 4 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатата недела со специјалните возила „пајак“ на територијата на Скопје подигнати се 10 возила од јавните површини. Само три од нив се отстранети од зонските паркиралишта, а  останатите се подигнати од коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина,  како и по повик од трето лице, информираат од Град Скопје.

Контролорите на зонските паркиралишта, посочуваат, во истиот период санкционирале вкупно 90 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 10 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Град Скопје и Јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

-Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, велат од Градот. вј/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат