Утрински Весник
Спорт

Недеви почнаа со одржување карате тренинзи онлајн

Недеви почнаа со одржување карате тренинзи онлајн

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Браќата Дејан и Аљоша Недеви започнаа да одржуваат карате тренинзи онлајн за сите каратисти членови на карате клубовите: Работнички, Скопје, Браќа Јорга, Фудокан, Фудо, Ипон, Нишијама и Први Партизан сите од Скопје.

– Тренинзите се одвиваат секој ден преку посебна онлајн платформа се со цел каратистите да останат активни, здрави и во форма за време на пандемијата на коронавирус, соопштија од Македонската традиционална карате федерација.

Сите домашни и меѓународни карате настани се одложени на неодредено време, а онлајн тренизите ќе се одржуваат редовно секој ден се до завршување на светската здравствена криза. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами