Утрински Весник
Македонија

Негативни резултатите на матичниот лекар на првиот заболен од коронавирус во Беровско

Негативни резултатите на матичниот лекар на првиот заболен од коронавирус во Беровско

Берово, 10 мај 2020 (МИА) – Резултатите од тестовите на медицинскиот персонал од приватната здравствена установа „Д-р Весна Марковска” која е матичен лекар на заболеното лице од коронавирусот во Берово се негативни. Во својата изјава до јавноста Марковска вели дека со тоа што медицинскиот персонал е негативен на КОВИД-19, нема опасност од ширење на заразата и кај други лица.

-Од името на Приватната здравствена установа  „Д-р Весна Марковска” ги известуваме граѓаните дека медицинскиот персонал е негативен на Ковид-19, со што се елиминира опасноста по здравјето на пациентите кои изминатиот период ја посетиле ординацијата. Сепак, заради мерките за заштита на граѓаните и наша безбедност, наредната недела ординацијата нема да работи, информираат од беровската Приватната здравствена установа.

Првиот позитивен случај на Ковид-19 во Берово е жена на возраст од 55-години од село Владимирово, која според надлежните вирусот го добила за време на нејзиниот престој на Клиниката за онкологија, каде се грижела за нејзиниот болен брат.

Од општината додадоа, дека и понатаму ќе се преземаат потребните мерки за спречување на ширење на заразата, преку активности за дезинфекција на јавниот простор, како во градот така и во селските средини. вс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност 

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола