Утрински Весник
Македонија

Невреме со силен ветер во пехчевскиот регион

Невреме со силен ветер во пехчевскиот регион

Пехчево, 5 април 2020 (МИА) – Невреме проследено со силен ветар го зафати Пехчево и околината. Од силината на ветрот откорнато е најстарото дрво во градот, додека паднати дрвја има и во дворот на старата амбуланта во Пехчево.

Според жители на градот, ветерот оштетил и неколку автомобили, гаражи, шупи и други импровизирани дрвени објекти во дворовите.

Невремето го зафати и село Црник, а тамошните жители информираат дека ветрот однел неколку покриви на куќи во селото. Ветрот и натаму силно дува и се уште создава немир меѓу жителите на Пехчево. вс/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Драма во Тетовско: Рачна бомба активирана пред ресторан, повредени двајца мажи

Запалил оган на нива, пламенот за малку ќе зафател цело село

СДСМ до Мицкоски: Сакаме да не ги крадеш гласовите на избори преку дијаспората