Улиците, подвозници и пониските дворови во Тетово се речиси целосно поплавени, а и подрумите и приземјата на повеќе куќи.
Од Центарот за управување со кризи информираа дека регионалниот центар со дел од своите вработени е на терен и иницираше преку директен конткт со грдоначалникот на Општина Тетово свикување на локалниот Главен штаб за управување со кризи на Општина Тетово.
Инаку, на терен со пумпи за испумпување на водата од критични места и помош на граѓаните се излезени Територијалната противпожарна единица и од ДЗС Тетово, припадници од МВР за регулирање на сообраќајот особено таму каде не може да се помине под поплавени подвозници.
До крајот на денот нестабилно ќе биде во поголем дел од земјава, наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголемо количество воден талог), електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Од утре се очекува стабилизирање на времето.
Силно невреме синоќа го погоди и Лозово, предизвикувајќи големи штети.