Утрински Весник
Магазин

„Невозможна мисија 7 и 8“ одложени до 2023 и 2024 година

„Невозможна мисија 7 и 8“ одложени до 2023 и 2024 година

Седмиот и осмиот филм во франшизата „Невозможна мисија“со Том Круз во главната улога се одложени до 2023 и 2024 година поради пандемијата со Ковид-19,“ соопштија продуцентите „Парамаунт пикчрс“ и „Скајденс“.

Mission: Impossible 7 требаше да дебитира во киносалите во септември оваа година, проследено со Mission: Impossible 8 во јули следната година.

Новите датуми за филмовите се 14 јули 2023 година за седмиот и 28 јуни 2024 година за осмиот филм од серијалот.

„По внимателно размислување, Paramount Pictures и Skydance одлучија да ги одложат датумите на објавување на Mission: Impossible 7 и 8 како одговор на доцнењата поради тековната пандемија“, се наведува во соопштението на компаниите.

 

Можете да прочитате

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години