Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Неверојатно откритие – фосил од диносаурус пронајден во јајце

Неверојатно откритие – фосил од диносаурус пронајден во јајце
300x250 opst2

Откритието на фосил од бебе диносаурус во Кина, совршено завиткано во јајце, е неверојатно откритие, бидејќи се работи за фосил стар 70 милиони години кој го претставува ембрионскиот скелет на овирапториден диносаурус.

Фосилот го добил прекарот „Бебето Џинглијанг“ по кинескиот музеј каде што моментално се наоѓа, според Си-Ен-Ен.

„Коските од бебиња од диносаурус се мали и кревки и многу ретко се зачувани како фосили, што го прави ова многу ретко откритие“, рече Дарла Зеленицки, вонреден професор по геонаука на Универзитетот во Калгари во Канада.

Таа додава дека ова е неверојатен примерок, и дека за време на нејзиното 25-годишно истражување на јајцата од диносаурусите, не видела ништо слично.

– Досега малку се знаеше за тоа што се случило во јајцето на диносаурусот пред да се испилат, бидејќи има толку малку ембрионски скелети, особено оние што се целосни и зачувани – истакна Зеленички.

Јајцето е долго околу 17 сантиметри, а се проценува дека диносаурусот во јајцето е долг од глава до опашка 27 сантиметри.

Истражувачите веруваат дека ако живеел, ќе бил долг два до три метри како возрасен.

Истражувачите од Кина, Велика Британија и Канада ја проучувале положбата на тоа бебе диносаурус и другите претходно пронајдени оврапторидни ембриони и заклучиле дека диносаурусите се движеле и менувале позиции на начин сличен на бебињата птици пред да се изведат.

– Бевме изненадени кога го видовме овој прекрасно сочуван ембрион во јајце од диносаурус, како лежи во птичја положба. Оваа позиција претходно не беше препознаена кај нептичните диносауруси, рече Ваисум Ма, главен автор на студијата и истражувач на Универзитетот во Бирмингем во Обединетото Кралство.

Фосилот е пронајден во кинеската провинција Џиангкси, а во 2000 година го купил Лианг Лиу, директор на кинеската компанија за преработка на камен „Џинглијанг“.

Фосилот потоа завршил во магацин, главно заборавен, каде поминал речиси 10 години додека персоналот на музејот не ги сортирал кутиите и не наишол на фосилот за време на изградбата на камениот музеј Џинглијанг.

Можете да прочитате

Орбан има неочекувани потенцијални сојузници во обидот да ја задржи Украина надвор од ЕУ

Се урна дел од облакодер во Њујорк, сомневањата се дека причина е експлозија од гас

Макрон: Париз и Берлин треба да истраат на проектот за заеднички европски борбен авион