Утрински Весник
Спорт

Неверојатно, но вистинито! Челси направиле профит од трансфери ова лето!

Неверојатно, но вистинито! Челси направиле профит од трансфери ова лето!

Челси ја комплетираа продажбата на Давиде Запакоста во Аталанта за 8 милиони фунти, што значи дека и покрај тоа што дадоа 115 милиони евра (98 милиони фунти) за Ромелу Лукаку, ова лето оствариле профит од трансфери.

29-годишниот Запакоста се врати дома по четири години на „Стемфорд бриџ“, иако немаше играно за Челси од финалето на Лига Европа во 2019 година. Со овој трансфер, Марина Грановскаја, првиот човек на Челси успеа да направи профит – дадоа 98 милиони фунти, но заработија 98.4 милиони фунти!

„Сините“ го продадоа Теми Абрахам на Рома за 34 милиони фунти, Фикајо Томори на Милан за 25 милиони фунти, и Марк Гуехи на Кристал палас за 18 милиони фунти, додека помалку пари заработија на Виктор Мозес, Тино Ливраменто, Оливие Жиру, Луис Бејт и Мајлс Пирт-Херис.

ЧЕЛСИ, ЛЕТЕН ПРЕОДЕН РОК

Дојдоа: Ромелу Лукаку (Интер, 98 милиони фунти), Маркус Бертинели (Фулам, бесплатен трансфер). ВКУПНО: 98 милиони фунти

Заминаа:  Теми Абрахам (Рома, 34 милиони фунти), Фикајо Томори (Милан, 25 милиони фунти), Марк Гуехи (Кристал палас, 18 милиони фунти), Давиде Запакоста (Аталанта, 8 милиони фунти), Тино Ливраменто (Саутемптон, 5 милиони фунти), Виктор Мозес (Спартак Москва, 4.5 милиони фунти), Луис Бејт (Лидс, 1.5 милиони фунти), Мајлс Пирт-Херис (Брентфорд, 1.4 милиони фунти), Оливие Жиру (Милан, 1 милион фунти). ВКУПНО: 98.4 милиони фунти

> Неверојатно, но вистинито! Челси направиле профит од трансфери ова лето! <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ