Утрински Весник
Спорт

Неверојатен тениски камбек – Грачева се врати од 6:1/5:1 негатива за победа!

Неверојатен тениски камбек – Грачева се врати од 6:1/5:1 негатива за победа!

Руската гренд слем дебитантка, 20-годишната Варвара Грачева го имаше можеби најшокантниот камбек во историјата на гренд слем тенисот, откако губеше со 6:1/5:1 од Французинката Кристина Младенович и на крајот да победи со 1:6/7:6/6:0.

Грачева при 5:1 направи брејк за да се врати во игра, но веќе во следниот гем Младенович пропушти четири меч топки. Грачева успеа да примора тај-брејк, во кој доминираше против очигледно „потресената“ противничка, за на крајот да го освои третиот сет без загубен гем.

Следна за талентираната Русинка е Хрватката Петра Мартиќ во третото коло.

> Неверојатен тениски камбек – Грачева се врати од 6:1/5:1 негатива за победа! <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда

Реал Мадрид го назначи Арбелоа за тренер

Алонсо сам одлучи да го напушти Реал поради себичноста на играчите и отсуството на поддршка од раководството