Утрински Весник
Македонија

НБРМ: За една година потрошувачките кредити за домаќинствата се зголемиле за 12,1 отсто

НБРМ: За една година потрошувачките кредити за домаќинствата се зголемиле за 12,1 отсто

Во април годинава вкупните кредити на домаќинствата забележале годишен раст од 9,4 отсто, односно за толку се зголемиле во споредба со април минатата година. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, годишниот кредитен раст кај домаќинствата изнесува 10,2 отсто, соопшти Народната банка на Македонија (НБРМ).

При тоа, од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити, како една од најзастапените категории, биле
непроменети на месечна основа, додека на годишна основа се повисоки за 12,1 отсто. Овој месец, кај станбените кредити е забележан месечен и годишен раст од 0,4 отсто и 13,6 отсто.

Кај автомобилските кредити, втор месец по ред е остварен месечен и годишен пад од 1,2 отсто и 6,4 отсто, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 2,1 отсто и 6,3 отсто на месечно и на годишно ниво. Кредитите одобрени врз други основи бележат минимален месечен раст од 0,1 отсто, додека на годишна основа се намалени за 5,7 отсто.

Според НБРМ, вкупните депозити во април се непроменети во споредба со март. Годишната стапка на раст изнесува 6,3 отсто, при поголем раст на депозитите на домаќинствата. Депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства“ се зголемени за 6,5 отсто и 7,8 отсто, соодветно. На годишна основа, кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 2 отсто. Согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај овој сектор изнесува 4 отсто.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Лекови, цигари, облека, пари…што сѐ заплени македонската царина

ВМРО-ДПМНЕ: Таравари да одговори со што го уценија ДУИ, и тој како СДСМ се претопи во нивната криминална шема

ДУИ бара избори: Владата го изгуби легитимитетот за европска агенда