Утрински Весник
Македонија

НБРМ: Заради заштита на здравјето, да се намали употребата на готовината

НБРМ: Заради заштита на здравјето, да се намали употребата на готовината
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Имајќи предивид што готовината се смета за еден од честите канали за пренос на инфекцијата, а заради превенција од евентуално пренесување на заразата, повторно апелираме да се намали употребата на готовина, а да се зголеми употребата на платежните картички и останатите алтернативни, електронски начини на извршување на трансакциите, информираат од Народна банка во услови на ширење на корона вирусот.

Воедно, Народна банка им препорача на банките да ги разгледаат можностите за намалување на провизиите поврзани со безготовински трансакции.

„За намалување на ризиците од употребата на денарската готовина, воведовме зајакнати протоколи за постапување, кои што се однесуваат на редовно повлекување на банкнотите и монетите што се во циркулација и нивно чување во карантин пред повторното пуштање во промет, а воедно ги укинавме и повизиите коишто ги наплатуваме од банките за полагање и подигање денарска ефектива. Ваквата процедура ќе се почитува и од страна на банките со кои остваруваме активна комуникација со цел заеднички да обезбедиме сведување на ризиците од контаминација и пренесување на заразата преку готовината којашто е во оптек на најниско ниво,“ соопштуваат од Народна банка.

Од таму посочуваат на претпазливост при користењето на странската готовина (девизи) која што е внесена од друга држава и носи висок ризик од пренесување на заразата.

„Препорачуваме неа да ја размените во овластените банки и менувачници, по што ќе се применат посебни мерки за постапување и со оваа готовина, за да се намали можноста за пренесување зарази преку овој канал,“ додаваат од Народна банка.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Внимание возачи: Патиштата се лизгави поради ледени врнежи

Во краток рок три незгоди на Тетово–Гостивар, сообраќајот забавен

Семејството Аслани обвинува за полициска бруталност по смртта на нивното двегодишно дете