Утрински Весник
Спорт

НБА сезоната ќе се игра по скратен систем

НБА сезоната ќе се игра по скратен систем

НБА лигата се уште не знае кога ќе почне новата сезона. Поради пандемијата со коронавирусот, претходната сезона заврши пред еден месец во „меурот“, во Орландо. Американските медиуми тврдат дека сезоната 2020/2021 ќе се одвива по скратен формат, односно дека наместо предвидените 82, секој тим ќе одигра по 50 натпревари.

НБА планираше новата сезона да започне на 22. декември и секој тим да одигра по 72 натпревари во регуларниот дел. Меѓутоа играчите не се согласуваат со тој предлог, а во моментов најголемата ѕвезда во лигата, Леброн Џејмс, најави дека ќе ги пропушти првите 30 дена.

Најверојатно новата сезона ќе започне на „Денот на Мартин Лутер Кинг“, на 18.јануари 2021, а целата сезона ќе заврши на 23.јули. Планот на НБА е ѕвездите да играат на олимписките игри во Токио.

> НБА сезоната ќе се игра по скратен систем <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам

Спортот станува клучен дел од новата стратегија за дијаспората 2026–2030

Жељко Обрадовиќ си заминува од клупата на Партизан