Утрински Весник
Спорт

НБА-клубовите очекуваат натпреварите да продолжат во јуни празни трибини

Шампионот во НБА поразен од ЛА клиперс

Вашингтон, 16 март 2020 (МИА) – Сопственици и лидери на клубовите во НБА лигата веруваат дека во најдобар случај, сезоната ќе продолжи во средината на јуни со празни трибини, објави инсајдерот Адријан Војнаровски.

Вчера, американските центри за контрола и спречување на болести објавија ажуриран водич за масовни настани, препорачувајќи им на сите организатори да ги откажат или одложат настаните со 50 или повеќе лица, за следните осум недели.

На 11 март, НБА лигата ја објави суспензијата на сезоната најмалку 30 дена поради откривањето на коронавирусот кај кошаркарот на Јута, Руди Гобер. Подоцна, тестовите на соиграчот на Гобер, Донован Мичел и центарот на Детроит, Кристијан Вуд дадоа позитивен резултат. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Турскиот Самсунспор славеше против Шкендија во Скопје

Тројца тенисери ослободени од обвинение за прекршување на антидопинг правилата

ЗОИ 2026: Прво олимписко злато за Шпанија