Утрински Весник
Македонија

На 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 54 лица потпишале изјави за самоизолација

Kaзнени налози против тројца тетовци, не го почитувале полицискот час

Скопе, 22 април 2020 (МИА) – На 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 54 лица потпишале изјави за самоизолација, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, според евидентираните податоци во МВР.

Истовремено од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, соопшти денеска МВР, е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за самоизолација.

–  По однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 18 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информираат од МВР. цр/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни