На 15 јули почнува јубилејното 20. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“. Фестивалот ќе се одржи на отворено на повеќе локации низ Скопје, а ќе трае до 21 јули.
Годинава е воведена нова програма „Синедејс загревање – Европско патувачко кино под отворено небо“, како заеднички проект на Делегацијата на ЕУ и МКЦ, а со цел да се претстават нови европски филмови на отворено.
„Почнат како европски проект пред 20 години, од Педро Алмодовар и Вивиен Ридинг, Синедејс се одржувал во ист момент во сите европски земји, со една клучна цел да го славиме и да го развиваме европскиот филм, односно да ја развиваме љубовта кон европскиот филм. Но, тој фестивал, единствено тука, во Македонија, продолжува да живее и да се надградува цели 20 години. Горд сум што го имаме еден од најдобрите филмски фестивали, а потврда за тоа е и акредитацијата од меѓународната асоцијација FLAPF, што го сместува рамо до рамо со најзначајните фестивали. Убеден сум дека годинашните селектори на програмата ќе ги задоволат вкусовите на својата публика, која секогаш имала исклучителен сенс за добар филм“, кажа градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Текстот На 15 јули почнува јубилејното 20. издание на „Синедејс“ е превземен од МАКФАКС.