Утрински Весник
Македонија

На фејсбук се продаваат живи мали мечиња

Mecinja
Dik 300x250 mk

Се продаваат две мали мечиња, цена по договор… Не е шега тука оглас на една од специјализираните страници за купување и продажба на социјалните мрежи. Ништо чудно навидум освен ако се знае дека мечката е со закон заштитен вид кај нас.

Заштитата е со Законот за Ловство од1996 година и новиот од 2009 година. Сепак, некој без проблем ги огласува на интернет, дури и оставајќи свој мобилен телефон. Според коментарите на лицата под огласот толку млади мечки не може да се најдат сами, без до нив да е нивната мајка. Но таа најверојатно е убиена.

Покрај огласот стои и фотографија од двете мечиња.

Според новиот закон за лов дивеч под заштита е: срна, обичен елен, елен лопатар, дивокоза, муфлон, мечка, дива свиња, зајак, верверица, рис, видра, чакал, полв, стоболка и други.Законот е дециден и вели дека трајно се забранува ловење на: мечка, рис, дива мачка, јазовец, видра, чакал, и верверица.

Извор: 24инфо.мк

Можете да прочитате

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево