Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на наставниците и соработниците во високообразовните установи во академската 2019/2020 година изнесува 4.437. Од нив 2.176 се жени. Статистиката покажува дека бројката од претходната година се зголемил за вкупно 114 лица, односно 61 наставник и 53 соработници.
Највисок вкупен број на просветни работници има на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ односно 1.819 наставници и соработници.
Образовен кадар за 2019/2020 година:
Вкупен број наставници 3.162 (од кои жени 1.468)
Вкупен број соработници 1.275 (од кои жени 708)
Образовен кадар за 2018/2019 година:
Вкупен број наставници 3.101 (од кои жени 1.408)
Вкупен број соработници 1.222 (од кои жени 652)