Утрински Весник
Свет

На улиците во Германија поставен нов сообраќаен знак

На улиците во Германија поставен нов сообраќаен знак

Возачите во Германија ќе мора да се навикнат на нов сообраќаен знак. Како што пишува германски СВП, во Штутгарт се појавил нов сообраќаен знак кој се однесува на безбедноста на велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот.

Знакот означува забрана за претекнување на велосипедисти и мотоциклисти. Засега може да се види на раскрсницата на Боблингер Штрасе и Калтенталер. Ова место им е познато на многу учесници во сообраќајот на тој град, бидејќи бара посебна грижа. Велосипедските и автомобилските патеки на оваа делница се одделени со испрекината линија.

Ова не секогаш дозволува слободно поминување на автомобилот, бидејќи е невозможно да се постигне минимум еден и пол метар странично растојание при претекнување, како што е пропишано со закон. Казната за непочитување е 70 евра.

„ Бидејќи возачите погрешно ја проценуваат ситуацијата, забраната за престигнување на велосипеди и мотоцикли сега е илустрирана со нов сообраќаен знак“, изјавија градските власти за СВП.

Инаку, овој знак можеше да се види и во Мајнц уште во април 2021 година.

Можете да прочитате

Рјабков: Русија нема доверба во НАТО

Американската војска изгради пристаниште за помош на Газа: „Ниту еден војник не стапна на копно“

Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога