Утрински Весник
Македонија

На Табановце за излез од Македонија се чека половина час

На Табановце за излез од Македонија се чека половина час

На граничниот премин Табановце за излез од државата има чекање околу 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Оттаму се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Божиновска – Петрова: Нови чекори за зајакнување на енергетската соработка меѓу Македонија и Бугарија

Focus on the Road – засилени контроли на МВР за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

По маратонот, Пакомак и средношколците ги исчистија улиците од пластични шишиња