Утрински Весник
Македонија

На Табановце запрено комби што без соодветна документација вршело меѓународен превоз

Од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце, на 29 јануари била извршена контрола на комби „фиат дукато“, со германска национална ознака, управувано од А. Р. (28) од Радовиш, кое вршело меѓународен превоз на патници.

Како што информираат од МВР, при контролата било констатирано дека возилото не поседува комплетна потребна документација за меѓународен превоз на патници.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени биле соодветни санкции за возилото.

Можете да прочитате

Полицаец од Кичево пријавен за малтретирање, употребил сила иако немало отпор

Левица со предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Пожар во затворот Идризово, се запалил кровот на амбулантата