Утрински Весник
Македонија

На Табановце во автобус запленети 13,3 килограми злато со вредност од над 600.000 евра

При вршење на детална царинска контрола на автобус на влез во државата, вчера мобилните тимови од Одделението за оперативни работи од Царинската управа на граничниот премин Табановце откриле и привремено задржале 13,3 килограми злато и непријавени 30.000 евра. Запленетото злато е со проценета вредност од над 600.000 евра.

dobivaj vesti na viber

„ Поради постоење сомнеж, автобусот со македонски регистарски ознаки кој се движи на редовна линија од Пореч (Р. Хрватска) до Гостивар, заедно со патниците бил упатен на царинскиот терминал на граничниот премин. При прегледот со мобилен скенер се воочени неправилности во кровната конструкција, каде се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки во правилна и неправилна форма. Непријавената стока – злато со вкупна тежина од 13.304 грама е привремено задржана и предадена на Одделението за истраги за понатамошна постапка.

Дополнително, при личен претрес кај еден од возачите беа пронајдени и одземени непријавени 30.000 евра, за кои е изготвен записник за девизен прекршок“ наведуваат од Царинската управа.

Можете да прочитате

Партиите продолжуваат со презентација на изборните програми, неполна недела до првиот круг од претседателските избори

Близу 1000 набљудувачи, странски новинари и преведувачи акредитирани за следење на Претседателските избори

Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома