Утрински Весник
Македонија

На скопскиот аеродром пристигна првата пратка од најавените 500.000 дози кинески вакцини

На скопскиот аеродром пристигна првата пратка од најавените 500.000 дози кинески вакцини

Првиот авион од вкупната пратка од 500.000 дози вакцини, што ги купивме од производителот „Синовак“, слета утрово на скопскиот аеродром, објави на социјалните мрежи, министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој нагласи дека во текот на денот се очекува да пристигнат и останатите количини.

„Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да ја добиеме оваа поголема количина на вакцини и за точноста во испораката на истите“, напиша Филипче на „Фејсбук“.

Деновиве во земјава пристигнаа и 100.620 дози од вакцините „Фајзер“ што се набавени преку Ковакс-системот.

Министерот Филипче најави дека во текот на следните денови вакцинацијата ќе се одвива со забрзано темпо и оти ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани преку сајтот vakcinacija.mk.

Можете да прочитате

СДСМ: Ќе ја потпише ли ВМРО-ДПМНЕ Резолуцијата за мигрантите или не?

Филипче: Социјални станови наместо шатори, мигрантскиот план е прочитан!

СДСМ: Ќе ја потпише ли ВМРО-ДПМНЕ Резолуцијата за мигрантите или не