Утрински Весник
Свет

На секои 15 секунди во светот умира по едно лице од коронавирус

На секои 15 секунди во светот умира по едно лице од коронавирус

Бројот на смртни случаи од „Ковид-19“ во светот надмина 700.000, според податоците на „Ројтерс“, а САД, Бразил, Индија и Мексико имаат најмногу смртни случаи од оваа болест.

Во просек, речиси 5.900 луѓе умираат од „Ковид-19“ на секои 24 часа, според проценките на Ројтерс врз основа на податоците од изминатите две недели. Тоа е еквивалентно на 247 луѓе што умираат секој час, или еден човек на секои 15 секунди.

САД и Латинска Америка се новите епицентри на пандемијата и се борат за контрола на вирусот.

Рекордно зголемување на бројот на заразени лица имаат и Австралија, Јапонија, Хонгконг, Боливија, Судан, Етиопија, Бугарија, Белгија, Узбекистан и Израел.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп со закана до Иран: Одмаздата ќе биде жестока

ЕУ: Нападите на Иран и нарушувањето на суверенитетот на повеќе земји во регионот се непростливи

Експлозија во близина на крузер со 3.500 луѓе во Абу Даби