Утрински Весник
Свет

На регионот му е потребно засилено присуство на ЕУ и НАТО, рече Османи во Босна

На регионот му е потребно засилено присуство на ЕУ и НАТО, рече Османи во Босна

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи е во прва работна посета на Сараево, каде оствари средба со заменик-претседателот на Советот на Министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ.

На средбата, меѓу другото, беше изразено задоволство за високиот степен на пријателски односи меѓу двете држави, досегашната билатерална соработка, како и заложбата за нејзино натамо надградување со нови содржини и динамика, согласно блискоста на двете земји и граѓани.

На средбата Османи посебно се осврна на евро-атлантската перспектива на регионот на Западен Балкан, пренесувајќи ја безрезервната поддршка за амбициите на Босна и Херцеговина на тој пат.

„Се надевам дека многу скоро, Босна и Херцеговина ќе добие кандидатски статус за членство во Европската унија, за што нашата држава е подготвена да го сподели своето знаење и искуство. Тие е секако важно за граѓаните на земјата, но воедно преставува и интерес за сите земји од регионот“, нагласи Османи.

Османи посочи дека процесот на европска интеграција, претставува силен поттик за спроведување на потребните реформи, и најдобриот начин земјите од регионот да ги достигнат европските цивилизациски придобивки.

Во современото безбедносно и геополитичко окружување, од клучно значење за стабилноста на регионот е да се обезбеди засилено и кредибилно присуство на Европска Унија и НАТО, што ќе преставува значајна инвестиција во идната безбедносна архитектура на Континентот.

Во однос на билатералната соработка беа разменети мислења, предлози и сугестии за конкретни проекти, со посебен акцент на интересот и потребата од засилување на трговската размена, каде значаен импулс може да даде организирањето на бизнис форуми меѓу економските партнери од двете држави, како и присутноста на деловните субјекти во едната и другата држава. Еден од предизвиците на економската соработка може да биде и заедничкото учеството на компаниите на двете земји на трети пазари.

За време на престојот во Сараево, Османи беше примен и од претседaвачот на претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ.

Можете да прочитате

Белгија го отфрли планот на ЕУ за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина

Могерини ослободена по притворот во истрагата за измама

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство