Утрински Весник
Македонија

На преминот Табановце за излез од државата се чека по еден час

На преминот Табановце за излез од државата се чека по еден час

Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата е околу еден час, информираат од АМСМ.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

Тепале малолетници, им се заканувале и ги снимале со телефон

Битиќи: Власта ветуваше Чебрен и Галиште, а денес нема ни финансиска конструкција – ќе ја поддржам интерпелацијата за Божиновска