Велес, 3 април 2020 (МИА) – Бројот на лица во самоизолација на подрачјето на СВР Велес денеска е намален на 95, од кои 41 лице е во Велес, 45 во Кавадрци и деветмина во Неготино.
Вчера во самоизолација на подрачјето на СВР Велес беа 127, завчера 185, а пред три дена 353 лица во трите града.
За време на полицискиот час синоќа, на подрачјето на СВР Велес само едно лице не го почитувало полицискиот час, и тоа е од Велес, а од Кавадарци и Неготино немало прекршители на полицискиот час.
Пред неколку дена во Основниот суд во Велес за непочитување на полицискиот час од 21 до 5 наутро согласно одлуката на Владата, со глоба од по 800 евра казни четири лица, од кои двајца од Велес и двајца од селото Уланци од Општина Градско. ад/бт/