Утрински Весник
Македонија

На подрачјето на СВР Велес нови 20 лица со решение за изолација,13 во Велес и во Кавадарци седум

На подрачјето на СВР Велес нови 20 лица со решение за изолација,13 во Велес и во Кавадарци седум

Велес, 19 јуни 2020 (МИА) – Во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Велес има 20 новорегистрирани лица со Решениe за изолација, и тоа, 13 во Велес и седум во Кавадарци, а со Изјава за самоизолација има 20 нови лица, 15 во Велес и пет во Кавадарци. Вкупно со Решение во изолација има 110 лица, од кои 71 во Велес, девет во Кавадарци и 30 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 93 лица, од нив 57 се во Велес, 22 во Кавадарци и 14 во Неготино, информира портпаролот Верољуб Додевски.

Тој додава дека од страна на полициски службеници извршени биле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, како што вели, сите ги почитувале овие мерки. 

Воедно информира дека  во овој период за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се вкупно 96 лица, и тоа, 61 во Велес, 14 во Кавадарци и 21 во Неготино. ад/сст/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ

Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок, вели премиерот

Кривична пријава за поранешен министер за култура