Утрински Весник
Спорт
Img 7972

На Пике уште не му се верува дека Меси замина: Веќе ништо нема да биде исто

На Пике уште не му се верува дека Меси замина: Веќе ништо нема да биде исто
Img 7972

Вестите за заминувањето на Лионел Меси од Барселона уште изгледаат нереални за фановите на каталонскиот клуб, а очигледно и за фудбалерите на клубот, откако Жерард Пике имаше емотивна објава на социјалните мрежи.

Тој драматично најави дека веќе нема да биде ништо исто, ниту во клубот, ниту во градот Барселона.

„По повеќе од 20 години нема да го носиш дресот на Барселона. Реалноста понекогаш е многу тешка. Веќе нема ништо да е исто, ниту ‘Камп Ноу’, ниту градот Барселона, ниту ние. Се запознавме во 2000 кога имавме 13 години и кариера пред нас. Од Росарио до висините во Рим. Таму почна легендата, а останатото е историја. Заминуваш, но знам дека еден ден ќе се вратиш бидејќи имаме незавршена работа. Ќе ни недостасуваш. Те сакаме Лео“, пишува Пике.

View this post on Instagram

A post shared by Gerard Piqué (@3gerardpique)

> На Пике уште не му се верува дека Меси замина: Веќе ништо нема да биде исто <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај