Утрински Весник
Економија

На крај на месецов истекнува рокот за Годишната даночна пријава

Нема решенија за присилна наплата од УЈП додека траат препораките за коронавирусот

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – На 31 мај истекува рокот за потврдување или корегирање на Годишната даночна пријава. По истекот на овој рок, Годишните даночни пријави ќе бидат конечни.

– На 1.06.2020 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави што од страна на граѓаните не се ниту потврдени, ниту корегирани. Годишната даночна пријава која граѓанинот ја корегирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри корегираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2019 година, велат од Управата за јавни приходи.

Оттаму апелираат до граѓаните кои оствариле приходи, а сеуште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, да го сторат тоа во најкраток можен рок. бак/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Реплек“ со раст на домашниот пазар од 20% во првиот квартал од годинава и зголемена дивиденда за 25%

Поскапеа кафеаните – 24info.mk

Tрошоците на животот во март на годишно ниво зголемени за 4.9 %, а цените на мало за 3.4 %