Утрински Весник
Магазин

На кралицата ѝ донеле две нови кученца за да ја утешат во стресно време

На кралицата ѝ донеле две нови кученца за да ја утешат во стресно време

Сопругот на кралицата, војводата од Единбург, со кого е во брак 73 години, е во болница од средината на февруари.

Добро познат факт е дека најдобриот пријател на човекот честопати е утеха во стресни ситуации. Всушност, има кучиња кои се користат поради нивната емоционална осетливост, помагајќи им на оние на кои им е најпотребна нивната поддршка.

Некои британски медиуми објавија дека нејзиното височество кралицата Елизабета Втора – долгогодишен љубител на кучиња – неодамна добила две нови кученца велшки Корги Пемброк (нејзина омилена раса) со цел да ја утешат додека нејзиниот сопруг војводата од Единбург е во болница.

Весникот „Сан“ известува дека двата нови членови на кралското домаќинство пристигнале во февруари, откако принцот Филип бил примен во болница поради постоечка срцева состојба. Додека закрепнува од операцијата во болницата „Св. Бартоломеј“ во Лондон, овие две кученца без сомнение ѝ даваат многу потребно внимание на кралицата.

„Кралицата е воодушевена. Незамисливо е таа да нема ниеден корги. Тоа е како Лондонската кула да ги нема гавраните-чувари. Тие се таму само неколку недели, но велат дека се преслатки и палатата ја направиле свој дом,“ анониимен извор изјавил за весникот. „Внесуваат многу бучава и енергија во палатата додека Филип е во болница“, додава изворот.

Последното куче на кралицата, Вулкан, за жал почина веднаш по Божиќ, откако беше со нејзиното височество од 2007 година.

Таа долго време чувала корги, а досега имала најмалку 30. Се смета дека зголемената популарност на оваа раса во последниве години е нејзина заслуга.

Кралицата со еден од коргите во 1970 г.

 

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста