Утрински Весник
Македонија

На Комисијата за заразни болести не сме разговарале за избори, тврди Филипче

На Комисијата за заразни болести не сме разговарале за избори, тврди Филипче

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче денеска уште еднаш повтори дека на Комисијата за заразни болести не се разговара за изборите и за изборниот процес.

На новинарско прашање дали се разгледува можноста за избори на кои инсистираат политичките чинители во државата, Филипче посочи дека заклучно со денешниот состанок на Комисијата, не станало збор на оваа тема.

– Приоритет е заштитата на здравјето во смисла на димензионирање на мерките исклучиво согласно бројот на новодијагностицирани, нивната поврзаност, кластерите и.т.н, рече Филипче.

Тој нагласи дека било каква мерка или препорака ќе биде донесена исклучиво врз основа на сознанијата и податоците за новодијагностицирани пациенти. бак/сп/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата