Утрински Весник
Култура

„На каучот на Зигмунд Фројд“ – вечер на стихови на два јазика

„На каучот на Зигмунд Фројд“ –  вечер на стихови на два јазика

Вечерва, со почеток во 19 часот, во просториите на Друштвото на писатели на Македонија ќе се одржи промоција на двојазичната стихозбирка „На каучот на Зигмунд Фројд“ (изворно напишана на македонски и на хрватски јазик) од Јулијана Младеновска-Тешија, која дипломирала филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а од 2005 година живее и работи во Осиек, Р Хрватска, како професорка на Високата теолошко-евангелистичка школа.

За книгата ќе зборуваат: Весна Ацевска (поетеса), Ана Димишковска (филозоф), Тони Димков (новинар) и Љерка Тот-Наумова (поетеса).

Текстот „На каучот на Зигмунд Фројд“ – вечер на стихови на два јазика е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“