Утрински Весник
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1762 пациенти

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1762 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1059 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 149 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 97 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 99 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 124 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 25 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 104 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 31, Кавадарци 61, а во Гевгелија 27 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1762 и има околу 310 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Можете да прочитате

Мицкоски утре ќе пушти во употреба нов дел од автопатот Кичево – Охрид

Петровска: АНБ е столб на државата, а не ничија сопственост

Жителите на Лагадин алармираат: По дивоградбата, инвеститорот сега сака да ја узурпира и плажата