Утрински Весник
Свет
Img 7972

На возачот на косовскиот автобус во кој загинаа 10 патници му се закануваат 15 години затвор

На возачот на косовскиот автобус во кој загинаа 10 патници му се закануваат 15 години затвор
Dik 300x250 mk

Возачот на автобусот, во кој загинаа 10 лица, а над 40 беа повредени вчера наутро во близина на Славонски Брод, денеска ќе се појави пред Државното обвинителство на Хрватска, а е осомничен за предизвикување сообраќајна несреќа, за која е предвидена максимална казна до 15 години затвор.

Хрватската полиција објави дека е утврден идентитетот на осуммина загинати, додека постапката за утврдување на идентитетот на остантаите двајца починати патници продолжува.

Во соопштението од полицијата се наведува дека возачот, 52-годишен државјанин на Косово, со кривична пријава под сомнение дека предизвикал сообраќајна незгода, е предаден на надзорникот за притвор, а потоа ќе биде предаден на државното обвинителство во Славонски Брод за понатамошна постапка, пренесе хрватски „Индекс“.

Досега полицијата утврди дека 52-годишниот косовски државјанин, кој управувал автобус со косовски национални ознаки, не се движел по средината на обележаната сообраќајна лента, туку преминал тревата покрај патот, а потоа автобусот се превртел на страна.

Во оваа сообраќајна несреќа загинаа 10 лица, 15 лица се здобија со тешки, додека 30 лица со полесни повреди.

Повредените биле пренесени во болница во Славонски Брод за укажување на лекарска помош, каде некои од нив се задржани на понатамошно лекување.

Можете да прочитате

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот