Утрински Весник
Спорт

На Балотели му забранија интервју со порно sвезда

Претседателот на Бреша предизвика расистички скандал со реплика на адреса на Балотели

Бреша, 22 април 2020 (МИА) – Претседателот на Бреша, Масимо Челино му забрани на напаѓачот Марио Балотели да комуницира со италијанската порно ѕвезда Роко Сифреди, пишува „Кориере дело Спорт“.

За време на карантинот, Балотели разговара во живо на својот Инстаграм со познати личности. Следниот гостин во етерот требаше да биде ѕвездата на филмови за возрасни, Роко Сифреди, но шефот на Бреша силно препорачува на Балотели да се откаже од ова интервју.

Балотели се пресели во Бреша од Марсеј летото 2019 година. Напаѓачот има 19 настапи во Серија „А“ оваа сезона со 5 голови. Неговиот договор со клубот е за уште една сезона, но тешко дека ќе се исполни, бидејќи Бреша сигурно ќе испадне од елитата.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот