Утрински Весник
Спорт

На Авицена Женската трка, освен првопласираните, победи и почитувањето на мерките против Ковид-19

На Авицена Женската трка, освен првопласираните, победи и почитувањето на мерките против Ковид-19

Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и А.К. Работнички, а под покровителство на Град Скопје, денеска се одржа Авицена Женска трка. Трката се трчаше според специјалниот протокол кој што беше одобрен од Комисијата за заразни болестипри Министерството за здравство.

Со целосно почитување на мерките за заштита на здравјето и правилата на протоколот, учесничките истрчаа трка од 3 километри, со држење на дистанца и без групирање, со задолжителното носење на маски пред и по трката, редовна дезинфекција на раце и направен термален скрининг. Тие ја стартуваа трката пред главниот влез на А1 Арена -СЦ Борис Трајковски од 8:30 часот, потоа трчаа лево до подвозникот кај Хотелот Александар Палас, каде штосвртеа десно во Градскиот Парк каде што патеката беше уредно означена со конуси и траки. Волонтерите ги насочуваа учесничките до самата цел во Градскиот Парк зад Ботаничката Градина.

Оваа година прогласувањето на победничките на Авицена Женска Трка се одржа онлајн поради мерките за безбедност и грижа за здравјето против Ковид-19. Резултатите покажуваат дека од вкупно 500 учеснички, прва до целта стаса Милјана Ристиќ за 10 минути и 34 секунди , веднаш по неа е Весна Кираџиевакоја ја истрча патеката за 11 минути и 25 секудни, а на третото место според брзината на трчањето е Виолета Шестаков со 11 минути и 47 секунди.

Конечните резултати од победничките и учесничките можат да се проследат на следниот линк.

Овој пат освен победничките, победија и дисциплинираноста на учесничките и нивното почитување на мерките и протоколот, а победија и организаторите на Авицена Женска Трка поради безбедното спроведување и организација на трката во време на пандемија.

> На Авицена Женската трка, освен првопласираните, победи и почитувањето на мерките против Ковид-19 <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига