Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Најџел Менсел продава два легендарни Ф1 болиди

Најџел Менсел продава два легендарни Ф1 болиди
300x250 opst2

Светскиот шампион од 1992 година, Најџел Менсел реши да се „раздели“ со два легендарни болиди кои ќе бидат поставени на аукција преку „Сотбис“ во мај.

Првиот болид на продажба на 14 мај во Монако ќе биде Вилијамс ФВ14 болидот од 1991 година, славниот болид кој служеше како такси на Аиртон Сена во Мекларен на крајот на Британското ГП во Силверстоун кога Бразилецот остана без гориво. На болидот му недостасува оригиналниот мотор на Рено, но се работи за шасија која оствари пет ГП победи, така што се очекува цена од 1.5 до 3 милиони евра.

Вториот болид е фантастичниот Ферари 640 шасија 109 од 1989 година, болид со кој менсел победи на Унгарското и Бразилското ГП таа година. Болидот му беше подарен на Менсел по последната трка од сезоната, и е прво Ферари со полуавтоматски менувач. Болидот сигурно ќе достигне 3 милиони евра.

> Најџел Менсел продава два легендарни Ф1 болиди <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН