Утрински Весник
Магазин

Најубаво облечени дами на црвениот тепих на „Билборд“наградите

Најголемите имиња во музичката индустрија дојдоа во Лас Вегас во неделата попладне на доделувањето на музичките награди „Билборд“ (Billboard Music Awards) за да ги прослават уметниците кои доминираа на топ листите во текот на изминатата година.

Меган Фокс го започна гламурозниот црвен тепих на настанот што се одржа во „МГМ гренд гарден арена“ облечена во црн фустан на британскиот дизајнер Дејвид Кома.

Големата победничка на вечерта, Доџа Кет, се појави во блескава тоалета на Скиапарели, додека Кајли Џенер ги изложи своите облини во тесен фустан со графика силуета како дезен, креација на Балмејн.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста