Лондон, 29 март 2020 (/) – Најстариот човек на светот Боб Вајтон денеска го прослави својот 112.роденден во самоизолација поради пандемијата на коронавирусот.
Вајтон, поранешен учител и инженер од Хемшир, јужна Англија, е роден во 1908 година.
Тој ги преживеа епидемиите на шпанска треска, колера и сипаници и сега се наоѓа во карантин во својата куќа за време на коронавирусот, јави Би-Би-Си.
Минатата година го прослави својот 111. роденден со многу пријатели во неговиот стан, но оваа година ќе биде поинаков роденден.
– Се е откажано, нема гости, нема прослава, рече Вајтон. паг/