Утрински Весник
Сцена

Најстарата ќерка на Мет Дејмон оздраве од коронавирусот

Најстарата ќерка на Мет Дејмон оздраве од коронавирусот

Даблин, 14 мај 2020 (/) – Најстарата ќерка на Мет Дејмон, Алексија оздраве од коронавирусот, соопшти американскиот глумец, кој со сопругата и двете помали ќерки е заглавен во самоизолација во Далки, Ирска.

Инаку, Алексија е во карантин во Њујорк, каде што студира.

„Таа имаше коронавирус уште од почетокот, заедно со своите цимери. Едвај чекам сите да се вратиме во Лос Анџелес и да бидеме заедно. Сите сме во ред, но за тештата и за мајка ми ова беше страшен период. Сите сме во изолација, го почитуваме физичкото растојание и редовно ги миеме рацете“, напиша Дејмон.

Тој додаде дека „се надева дека на крај ќе излезе и нешто добро“ од сѐ ова.

„За среќа, стапката на смртност не е толку голема како што можеше да биде“, вели тој. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка