Утрински Весник
Свет

Најмоќното германско артилериско оружје пристигна во Украина

Првата испорака на тешко вооружување во форма на самоодни хаубици што Берлин ја испрати во таа земја пристигна во Украина.

„Хаубиците 2000 конечно станаа дел од арсеналот на украинската артилерија“, објави на Твитер украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников и се заблагодари на својата германска колешка Кристина Ламбрехт.

Хаубиците 2000 се меѓу најмоќните артилериски оружја со кои располага Бундесверот и можат да погодат цел на растојание до 40 километри, пренесува Гардијан.

Германија претходно вети дека ќе испрати седум хаубици во Украина.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови