Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Најмладиот пациент заболен од коронавирус во земјава е двогодишно дете од Скопје, потврди министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека позитивни на коронавирусот се и неговите родители, но оти сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување.
Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција рече дека ова семејство било заболено како резултат на локална трансмисија.
Министерот за здравство информира дека во добра здравствена состојба се и тројцата пациенти во Охрид и оти и тие имаат лесна клиничка слика.
– Во изолација се ставени 10 лица кај кои се уште не е поминато времето за инкубација и кај кои ќе се направи тестирање кога тој период ќе помине, рече Филипче.
Министерот прашан за тоа со кои други приватни установи ќе биде склучен договор со ФЗОМ за тестирање, рече дека денеска раководителката на лабараторијата при ИЈЗ воспоставила контакст со сите лабаратории кои имаат контакт да прават тестирање и имаат соодветна опрема и механизам за изработка.
– Откако ќе се утврди дека со соодветна начин на технологија се изработуваат тестовите односно дека се резултатите валидни, со цел да се зголеми капацитетот за теститирање ќе се склучат договори со сите со кои ќе се утврди дека е согласно сите протоколи на работа, рече на прес-конференцијата Филипче. сст/са/