Единаесетгодишно девојче го понесе неславниот назив за најмлада мајка во Велика Британија откако остана бремена кога имала 10 години и родила бебе на почетокот на овој месец.
Мајката и бебето се здрави и згрижени, пренесуваат британските таблоиди.
Семејството на девојчето не знаело дека таа е бремена, а социјалните служби и службениците сега истражуваат како настанало зачнувањето.
„Бевме шокирани“, изјавил извор близок до семејството за британските медиуми. “Сега е опкружена со експерти. Најважно е дека таа и бебето се добро”, додал изворот.
„Таа е најмладата мајка за која сум чул“, рече докторката Керол Купер, додавајќи дека девојчињата обично влегуваат во пубертет на 11-годишна возраст, иако тоа може да се случи во кое било време на возраст од 8 до 14 години.
Купер изјавила дека тежината е голем фактор за влегување во пубертет и дека порано се појавува кај деца кои се подебели.
Докторката изјавила дека во просек, на секои 2.500 раѓања, една мајка не знае дека е бремена или дека тоа го криела од семејството и пријателите.
Најмалите родители во Велика Британија биле 12-годишно девојче и 13-годишно момче кои добиле бебе во 2014 година.