Утрински Весник
Свет

Најмалку 219 деца загинаа, а 398 се ранети во Украина

Канцеларијата на главниот државен обвинител на Украина соопшти денеска дека најмалку 219 деца се убиени, а 398 се ранети од почетокот на руската војна против Украина, јавува Анадолија.

Се наведува дека во бомбардирањето на руските сили оштетени се повеќе од 1.550 образовни институции, од кои 102 се целосно уништени.

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации во четвртокот објави дека најмалку 2.787 цивили се убиени, а 3.152 се ранети откако Русија започна војна против Украина на 24 февруари, стравувајќи дека вистинската бројка е многу поголема.

Досега, 7,7 милиони луѓе во Украина се внатрешно раселени, а повеќе од 5,3 милиони побегнале во соседните земји, според Агенцијата за бегалци на ОН.

Можете да прочитате

Стигна првата реакција на Москва на ултиматумот на Трамп

Трамп ѝ се закани на Русија: Или примирје или нови посилни санкции

Зеленски го смени премиерот и предложи жена на премиерската функција