Утрински Весник
Свет

Најмалку 19 лица загинаа во несреќа во рудник во Пакистан

Најмалку 19 лица загинаа во несреќа во рудник во Пакистан

Бројот на загинати при лизгање на земјиште во рудник во северозападен Пакистан се искачи на 19 лица, откако спасувачите извлекоа нови тела од урнатините, соопштија властите.

Огромна карпа падна врз работниците во областа Мохманд во провинцијата Кибер-Пактунхва во текот на ноќта, изјави командантот на локалната полиција Тарик Хабиб.

Уште најмалку седум тела беа извлечени утрово, бидејќи по кратка пауза продолжија спасувачките операции, рече Хабиб.

Најмалку 20 до 25 работници се’ уште се заробени под земја, изјави шефот на локалната самоуправа Ифтихар Ахмед, стравувајќи дека бројот на загинати може да продолжи да расте.

Повредените и мртвите биле извлечени од рудникот по повеќечасовни напори за спасување, изјави водачот на операцијата за спасување Билал Фаизи.

Стотици работници во рудници за јаглен, смарагд и мермер умираат секоја година во Пакистан поради опасните услови за работа и лошите безбедносни прописи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Данска воведе задолжителна воена служба за жените

УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

ЕУ сака драстично да ги зголеми цените на цигарите