Утрински Весник
Свет

Најмалку 14 лица загинаа во вулканска ерупција на островот Јава

Најмалку 14 лица загинаа во вулканска ерупција на островот Јава

Најмалку 14 лица загинаа во ерупцијата на вулканот Семеру на индонезискиот остров Јава, а околу 1,3 илјади луѓе се евакуирани, соопшти Агенцијата за ублажување на катастрофу (БНПБ).

Официјални лица велат дека се повредени 56 лица, а повеќето се со изгореници, пренесува Ројтерс.

Семеру во саботата исфрли големи количества гас, пареа и пепел што ги прекри околните села во провинцијата Источна Јава и ги принуди луѓето да бегаат во паника.

Спасувачките екипи трагаат по жртви во области покриени со слоеви пепел.

Ерупцијата уништи згради и го прекина сообраќајот преку стратешкиот мост што поврзува две области во блиската област Лумајанг со градот Маланг, соопштија властите.

Семеру е висок повеќе од 3,6 илјади метри и е еден од речиси 130-те активни вулкани во Индонезија.

Можете да прочитате

Зеленски: Mировниот план за завршување на војната со Русија е речиси готов

Нова железничка несреќа во Шпанија

Заканата од Кина за Гренланд е мит, вели Пекинг